При крај се подготовките за првата театарска премиера
Министерката за култура во Владата на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и директорот на Велешкиот театар Јордан Витанов денеска присуствуваа на една од завршните проби за првата премиера во новата зграда на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот”.
Велешани кон средината на овој месец ќе имаат можност за прв пат во новиот објект да ја погледнат претставата „Најважната работа на светот“ од Братислав Димитров, а во режија на Љубиша Георгиевски. На премиерата за прв пат ќе биде презентирана и технологијата на сцената, која е една од најсовремените театарски опреми во државата.