Градоначалникот го посети дневниот центар за лица со посебни потреби
Во чест на манифестациите за обележување на 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, градоначалникот Славчо Чадиев ги посети и корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Општина Велес и оваа година издвои финансиски средства за работни материјали за креативните работилници на корисниците, но празничната посета им причини особена радост, бидејќи градоначалникот на сите корисници им подари топли обувки. Настанот со културни содржини го збогатија младите од Општинската организација на Црвениот крст. Младите волонтери заедно со лицата со инвалидност низ меѓусебна забава и дружење ја реализираа и работилница за креативни активности.