Средба со такси превозниците

ImageСо цел да се изнајадат соодветни решенија за проблемите со кои се соочуваат такси - превозниците кои ја започнале постапката за фискализација како услов за добивање лиценца, во просториите на Општина Велес се одржа уште една, веќе редовна средба со такси - превозниците. На средбата на која покрај градоначалникот Аце Коцевски присуствуваа и претставници на сите надлежни инспекциски органи, Секторот за внатрешни работи, претставници на фирми кои вршат монтирање на фискални апарати и медиумите беа разгледани проблемите со кои се соочуваат такси превозниците и утврдените законски процедури.


Најголемите реакции и овојпат се однесуваа на недозволеното присуство на „дивите“ такси превозници на обележаните паркинг простори како и долгата постапка за монтирање на фискалните апарати во возилата. Градоначалникот Коцевски изрази надеж дека претстојните измени на Одлуката за такси превоз на патници со кои Советот на Општината ќе го искористи законското право да го ограничи бројот на такси превозници на 200 ќе придонесат за надминување на проблемите со хаосот во такси сообраќајот. Со напомена дека било какви отстапки за превозниците кои ги уплатиле сите средства и чекаат само на монтажа на фискалниот апарат не зависат само од општината, Коцевски најави дека во периодот што следи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе бидат преземени конкретни чекори за решавање на состојбите. Од претставниците на Секторот за внатрешни работи, такси превозниците добија ветување дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за отстранување на нелегалните такси превозници од обележаните паркинг простори во градот.

Image  Image

Image  Image