Доделени првите сертификати за авто-такси возачи
Денес во просториите на Општина Велес, градоначалникот Славчо Чадиев ги додели првите 38 сертификати за авто-такси возачи кои го положија предвидениот испит во првиот круг, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај. Заедно со денешните, досега се издадени вкупно 77 уверенија на положени кандидати.
Инаку во текот на вчерашниот ден се одржа и четвриот круг од полагањата за добивање на Уверение за положен испит и Сертификат за авто-такси возач, при што сите 81 кандидати кои беа пријавени, го поминаа предвиденото тестирање. Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест и содржи прашања од две тематски области и тоа: безбедност на сообраќајот и патиштата и превоз на патниците. Со добивањето на овој сертификат, во иднина значително ќе се подобри услугата во вршењето на такси превозот.