ДА ЈА ЧУВАМЕ СООБРАЌАЈНАТА ОПРЕМА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН ВЕЛЕС

Со цел зголемување на прегледноста во сообраќајот на крстосницата во близина на управната зграда на ЈКП „Дервен”, Општина Велес има поставено сферно огледало.

Ова помагало за побезбеден сообраќај повеќе пати во годината се крши и е мета на вандалски чинови. Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте ги овие сообраќајни добра. Наместо за поправка нека останат средства за нови за сообраќајни средства кои ќе го регулираат и олеснат сообраќајот. Да не се уништува направеното! Тие се купени со пари на граѓаните и им припаѓаат на граѓаните. Колку подобро ќе ги чуваме, толку подолго ќе ги имаме!