Завршува втората фаза од реконструкцијата на Спомен - костурницата
Овие денови на Спомен-костурницата во Велес се изведуваат интензивни градежни активности како дел од втората фаза за санација и реконструкција на кровната конструкција. Најпрво се отстранува стариот материјал од површината а потоа се нанесува нов слој. Тој ќе обезбеди трајна хидроизолација која ќе спречи протекување на вода во внатрешноста. Обнова во понатамошниот период се предвидува и во внатрешноста на објектот. Со ова трајно ќе се заштити најголемиот мозаик во земјата, дело на академскиот сликар Петар Мазев. Целата реконструкцијата на Спомен-костурницата се изведува со пари од Министерството за култура. Претходно во првата фаза од овој проект се изврши санирање на поголемите оштетувања на покривот.