Реконструкција на водоводната мрежа на улица „Мицко Козар“

Денес градоначалникот Славчо Чадиев, согласно работната агенда, изврши теренска посета на улицата „Мицко Козар“ каде на оваа локација со забрзано темпо се одвиваат замените на старата дотрајана азбест-цементна водоводна линија.

Должината на оваа реонструкција изнесува 200 метри и чини 1.000. 000 денари. Изведбата на зафатите ја реализираат работните екипи на ЈКП „Дервен“.
Во периодот што следи, зависно од погодноста на временските услови и отпочнување на градежната сезона, стариот асфалт ќе биде заменет со нов по должина на целата улица. Со овој зафат трајно се решаваат проблемите на многубројните жители на оваа улица.