БЛАГОДАРНИЦА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО РЕАЛИЗАЦИЈАTA НА „ТРАДИЦИОНАЛНИTE СПОРТСКИ ИГРИ - СПОРТСКИ БОН-ТОН”
Вчера во СЦ „Борис Трајковски се одржа завршната манифестација на петмесечниот проект „Традиционални спортски игри - Спортски Бон-Тон" кој изминатиов период се реализираше преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.
Оваа прекрасна спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски Бон-Тон“, беше под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Целта е промовирање на Спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од училишна возраст, во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe со традицијата, културата и обичаите.