Нова водоводна и канализациона линија на улица „Тодор Јанев”
Денес градоначалникот Славчо Чадиев и директорот на ЈКП „Дервен" Фиданчо Цековски, согласно работната агенда, извршија теренска посета на улицата „Тодор Јанев“ каде на оваа локација неодамна беше изградена нова водоводна и канализациона линија.
Должината на овој зафат изнесува околу 250 метри од водоводната и 160 метри од канализационата мрежа. Истовремено беше поставен и механизам за регулаторен притисок кој ќе врши регулирање на водоснабдувањето на објектите во овој дел од градот. Целиот зафат чини околу 3.500.000 денари. Изведбата на зафатите ја реализираа работните екипи на ЈКП „Дервен“. Во периодот што следи, зависно од погодноста на временските услови и отпочнување на градежната сезона, ќе биде извршено тампонирање а потоа и уредување на самата улица.