Новогодишно украсување во Велес

Со цел да се создаде пријатна празнична атмосвера, во пресрет на новогодишните празници, Општина Велес изминатиов период превзема активности за што поголемо украсување на јавните површини. Овогодинешното руво на градот претставува вистинско задоволство за граѓаните. Богатата декорација со украси и светлечки реквизити ќе ја донесат новогодишно - божиќната атмосфера во вистинско светло.