Жителите од населбата „Порцеланка” добија чиста вода за пиење

Денес завршија градежните активности за поврзување на Населбата „Порцелака” со водоснабдителниот систем кој минува низ селото Горно Оризари. Со тоа конечно се реши долгогодишниот проблем со кој се соочуваа жителите од оваа велешка населба.


Во посета на населбата во текот на денешниот ден беше и градоначалникот Славчо Чадиев, на кого жителите му изразија огромна благодарност за решавањето на големиот проблем од страна на локалната самоуправа.
Ваквата ситуација се наметна откако некогашниот индустриски гигант Фабриката за плочки „Порцеланка”, престана со работа а притоа беше прекинато и функционирањето на резервоарите со вода од кои се снабдуваше локалното население. Средствата за овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а истите се во висина од околу 400.000 денари.