Градоначалникот ги посети дежурните служби
Пред почетокот на новата година, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев ги посети дежурните служби кои за време на новогодишната ќе бидат активни и ќе се грижат за безбедноста на граѓаните.
Тој оваа вечер ги посети припадниците на АРМ во велешкиот гарнизон, Полициската станица, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, Брзата помош и Службата што ја обезбедува Општинската зграда. Градоначалникот Чадиев честитајќи им ја новата година на дежурните вработени во овие служби, им се заблагодари за нивната професионалност и ангажираност во секое време од годината.