Претставници на Министерството за култура во Велес
Претставници на Министерството за култура предводени од државниот секретар Елизабета Канческа Милевска, остварија работна посета на Општина Велес. Во рамките на работната средба со градоначалникот Аце Коцевски, претставниците на министерството за култура беа запознати со програмските определби и заложбите на Општина Велес за развој на културата и враќање на сјајот на Велес како град стожер на македонската култура.
Градоначалникот Аце Коцевски ги запозна со сите реализирани инфраструктурни проекти, манифестациите, изградбата на спомениците и реконструкцијата на спомен куќите на Џинот и Касапови. На средбата стана збор и за проблемите во областа на културата и опциите за нивно решавање. При престојот во Велес Елизабета Канческа Милевска ги посети локалната библиотека „Гоце Делчев“, Локалната установа Народен Музеј, спомен куќите на Џинот и Касапови и театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Согледувајќи ги катастрофалните состојби со просторот, техничката екипираност и човечките ресурси во велешкиот театар, Милевска најави помош од Министерството за санација на постојната театарска зграда и изрази уверување дека во најкраток можен рок ќе се реши статусот на лицата кои донеодамна во театарот беа ангажирани со договор на дело.
Милевска беше сведок и на лошите услови во кои работи локалната библиотека „Гоце Делчев“, но како што ја информираа градоначалникот Аце Коцевски и надлежните во библиотеката, се очекува со реализацијата на втората фаза од новиот концепт за образование, просторните проблеми на библиотеката да се решат со преселување во објектот кој во моментов го користи Факултетот за туризам и организациони науки од Охрид.