Еден поинаков Њујорк во Велес
Во организација на Општина Велес и локалната установа Народен Музеј, а во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, во ликовниот салон свечено беше отворена изложбата на фотографии „Знаменитостите на Њујорк“. Во присуство на љубителите на уметноста изложбата ја отвори Брајан Шот, советник за односи со јавност при Амбасадата на САД. На изложбата се поместени 81 фотографија во црно бела техника посветени на архитектонските белези на Њујорк.
Впечатокот на ритамот на „Големото јаболко“ врежан во архитектонските елементи и историските обележја на Њујорк, доловува чуство на силно присуство на човекот и најголемите човечки вредности во молчаливите архитектонски белези.
Наспроти сите слики за далечниот Њуорк како град на светлосното, небесното и модерното, оваа изложба ќе ви долови еден поинаков, потаинствен Њујорк на цивилизациски вредности.
За сите љубители на фотографијата, далечините и мечтите, изложбата ќе биде отворена до 05.02.2007 година.