Изложба на академскиот сликар Новица Трајковски

ImageВо организација на Општина Велес, фондацијата „Рамковски“ и Локалната установа Народен Музеј –Велес, во ликовниот салон свечено беше отворена самостојна изложба на академскиот сликар Новица Трајковски. Присуството на фондацијата „Рамковски“ во културниот живот на Македонија ја поздрави градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски кој изрази надеж дека активностите на фондацијата нема да останат изолиран пример на поддршка на културата од страна на бизнис секторот. Во името на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните и во свое лично име, Коцевски им се заблагодари на претставниците на фондацијата и на авторот Трајковски, за можноста Велес да биде првиот град во кој се изложени делата на Трајковски на патот низ Македонија.

Image  Image

За посветеноста на фондацијата „Рамковски“ кон културата и уметниците, говореше претседателот на фондацијата Ѓорги Барбаровски кој истакна дека Велес е избран за прв град домаќин на творештвото на Трајковски поради значењето што градот го има во македонската култура и уметност. Првата самостојна изложба на еден од најистакнатите претставници на македонската ликовна уметност Новица Трајковски ја отвори заменик претседателот на фондацијата „Рамковски“, Гоце Ристовски кој пред присутните ги презентираше своите впечатоци за уметноста на Трајковски. Ристовски напомена дека овој истакнат македонски уметник кој имал можност да ги изложува своите дела во Македонија, но и во странство како творечка преокупација ја има слободата на уметникот и човекот воопшто. Релативното поимање на слободата и оковите во животот во делата на Трајковски е отсликано на специфичен, негов начин. Самиот автор Траковски вели „Јас го сликам Бог во себе“.

Присутните на изложбата имаа можност да видат краток видео запис за творештвото на Трајковски, а свеченото отворање на изложбата беше збогатено со настапот на пијанистката Андријана Димитриевска.

Image  Image Image