“Посредување при вработување на млади невработени” (EMY - ФАЗА 2)

ImageЦелта на проектот  “Посредување при вработување на млади невработени” (EMY - ФАЗА 2) на УНДП е да се подобрат способностите, подготвеноста за работа и пазарниот настап на невработените млади луѓе со универзитетска и средношколска диплома и без работно искуство, како и да се поддржи подобрувањето на локалните економии.
 
Постоечкиот дебаланс е во тоа што околу 80% од огласите за работа бараат луѓе со претходно работно искуство, при што иако повеќето од младите невработени луѓе имаат високо образование, тие немаат претходно историја на професионален работен ангажман. Очигледно е дека од една страна добро-образованите млади луѓе се невработени но тие во целост не ги исполнуваат барањата на работодавците и немаат можност да се докажат или да ги изградат своите работни способности наспроти актуелните потреби на приватниот сектор за работна сила.

Преку воведување на волонтерската пракса, проектот ќе помогне во создавање на одржливи вработувања и приходи за млади невработени лица на локално ниво, воедно поддржувајќи го развојот на локалните економии. Партнери во спроведувањето на овој проект се Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и нејзините локални канцеларии, Стопанската Комора, Локалните власти и приватни компании од 23 општини низ Македонија.