ЈАВЕН ПОВИК - За најава на интерес за вклучување во проект

Проектна позадина: Со цел поттикнување на вработувањето на  млади  невработени лица со средно и високо образование, Програмата за развој на Обединетите Нации и Општина Велес реализираат (3) тримесечен проект  „Посредување при вработување на млади невработени лица“ EMY, фаза 2. Според оперативниот план и насоките за реализација на проектот, од особена важност се обврските и улогите на вклучените страни во проектот. Општина Велес има посредничка улога во процесот на спојување на кандидатите кои изразиле интерес за спроведување на волонтерска пракса и правните субјекти кои преку писмо на намери и апликативна форма изразуваат потреба од ангажирање на соодветен кадар. Правните субјекти имаат обврска после завршувањето на периодот на волонтерска пракса да склучат договори за вработување со половина од ангажираните волонтери (2 – 1 или 3 – 2).

Интерес за учество во проектот можат да најават сите заинтересирани правни субјекти на територијата на Општина Велес.

Постапка за вклучување во проектот:  
Сите правни субјекти заинтересирани за вклучување во проектот потребно е да достават:

Писмото и апликативната форма можат да се достават по пошта на адреса:
Општина Велес
Ул .Панко Брашнар бр. 1
1400 – Велес

по факс на: 043 212 101 или 043 232 966,
на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
или директно во Граѓанскиот сервис центар  при Општина Велес.

Сите информации поврзани со проектот, како и апликативната форма се достапни на www.veles.gov.mk.

Краен рок за доставување на писмата и апликативните форми е 7 (седум) дена од денот на објавување на повикот или најкасно до 22 февруари 2007 година (четврток) до 15 часот.

Реализацијата на волонтерска пракса ќе се изведува во период од 12.03.2007 до 12.06.2007 год.