ЈАВЕН ПОВИК - За најава на интерес за волонтерска пракса
Проектна позадина: Со цел поттикнување на вработувањето на млади невработени лица со средно и високо образование , Програмата за развој на Обединетите Нации и Општина Велес реализираат (3) тримесечен проект за „Посредување при вработување на млади невработени лица“ и нивно поврзување со правните субјекти што го планираат сопствениот развој преку вработување на стручен кадар.
Интерес за учество во волонтерска пракса можат да најават сите заинтересирани млади невработени лица со средно и високо образование , без работно искуство на возраст до 35 години и со постојано место на живеење во Општина Велес.
Постапка за вклучување во волнтерска пракса:
Сите заинтересирани кандидати за вклучување во волонтерската пракса потребно е да достават:

- Пополнет апликационен формулар и биографија (пожелно е наведените знаења, вештини и поминати обуки во биографијата да бидат поткрепени со соодветни потврди, дипломи или сертификати);
- Потврда за невработеност од Агенцијата за вработување – Центар во Велес;
- Фотокопија од документ за идентификација (лична карта или пасош);
- Доказ за завршено образование (диплома или уверение);
Потребните документи можат да се достават по пошта на адреса:
Општина Велесили директно во Граѓанскиот сервис центар при Општина Велес.
Ул .Панко Брашнар бр. 1
1400 - Велес
Сите информации поврзани со проектот, како и апликативната форма и моделот на биографија се достапни на www.veles.gov.mk.
Краен рок за пријавување на волонтери е 7 (седум) дена од денот на објавување на повикот или најкасно до 22 февруари 2007 година (четврток) до 15 часот.
Реализацијата на волонтерска пракса ќе се изведува во период од 12.03 2007 до 12.06. 2007 год.