Воскресение Христово

Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена вечерва, точно на полноќ. Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“!
Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.

На богослужбата во чест на Христовото Воскресение, присуствуваше градоначалникот Славчо Чадиев, пратеникот во македонското собрание Илија Димовски, претседателот на Советот Александар Колев, и началникот на СВР-Велес Петре Игнов.
Во продолжение на празникот беше отслужена Велигденска Воскресна Литургија, каде многубројни верни чеда чекаа до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови.