22 Февруари - Светски ден на скаутизмот
100 години Скаутизам
1907 – 2007
Во рамките на програмата за прослава на 100 години скаутизам, 50 членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес во соработка со ЈКП Дервен и Општина Велес на ден 25 февруари засадија сто садници по повод 100 те години извидништво во светот. 100 садници беа засадени на локалитетот спомен Констурница во нашиот град.

Покрај оваа во изминатите денови во рамките на прославата 100 години скаутизам, извидниците од Велес учествуваа и на ноќен хајк кој се одржа на релација од центарот на Скопје до Милениумскиот крст на Водно на ден 24 февруари.
Нашите помлади членови учествуаа и на големиот број на работилници кои се одржаа во Градскиот парк во Скопје, а воедно имаа и голем број на медиумски претставувања на локалните и државните електронски и печатени медиуми.