AТРАКТИВНОСТА НА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „МАМУТЧЕВО” ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Оваа нова индустриска зона со нејзината поволна местоположба и добра инфрастурктура овозможува непречена комуникација која го привлекува вниманието. Општина Велес и понатаму продолжува со неуморна борба за отворање што поголеми можности за претставување на општината во регионот и пред меѓународната заедница, со единствена цел привлекување на инвеститори кои со изградба на нови капацитети ќе создадат услови за нови вработувања.