Информатичката технологија влезе во велешките училишта

ImageЕлектронската комуникација ќе биде составен дел од образовниот систем во Општина Велес. Со стартот на проектот наречен „Општински образовен портал“, основните училишта во Велес ќе имаат можност преку интегриран систем на комуникација да разменуваат знаења, проектни активности, наставни материјали и многу други информации. Системот ќе им овозможи на наставниците и родителите  активно да учествуваат во развојот на образованието, да го следат успехот и напредокот на учениците.

Во присуство на Министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски, првиот образовен портал во државава беше промовиран пред Советот на Општината, директорите, наставниците, родителите и учениците. 

Сите партнери во овој значаен  проект за образованието во Република Македонија, потпишаа  Меморандум за соработка.

Заложбите за реформи и развој на образованието во Велес, пред присутните го поздрави градоначалникот Аце Коцевски кој меѓу другото истакна: „Во сиот овој динамичен период зад нас јасна беше потребата од активно вклучување на бизнис заедницата во локалниот развој. Потребата од креирање на јавно-приватни партнерства.


Чувствувам особена гордост што токму денеска во Велес воспоставуваме  едно такво јавно-приватно партнерство кое верувам ќе биде симбол на креативноста искористена во полза на заедницата“.


Поздравувајќи ја идејата за воспоставување на образовен портал во Велес, министерот Коњановски истакна „Процесот на децентрализацијата не го прават само законите, туку потребна е и креација од сите структури  вклучени во тој процес: централната власт, локалната самоуправа, невладиниот сектор, приватниот капитал и мислам дека она што можевме да го видиме е токму таква соработка на сите нив заедно.


Во презентацијата на проектот учествуваа и Илијанчо Гаговски, директор на Микрософт Македонија, Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ и Живко Туфекчиев, директор на кабелскиот оператор Спринт кои финасиски и технички ја поддруваат реализацијата на проектот.


Вкупната вредност на проектот е 4 милиони денари, од кои еден милион обезбеди Општина Велес, а останатите партнерите од приватниот и невладиниот сектор.


Image  Image

Image  Image

Image  Image