Продолжуваат градежните активности на ул. „Кире Праќицов“
Овие денови во тек е изградбата на вториот крак од улицата „Киро Пракицов“. Земјениот пат кој се уредува ќе ја зголеми безбедноста и пристапноста, но ќе се промени и самиот лик на улицата чија должина изнесува околу 170 метри . При одвивањето на оваа градежна активност ќе се опфати реконструкција и на мал дел од просторот каде граѓаните од овој дел на градот го поминуваат своето слободно време.