112 години од смртта на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев

Денес се навршуваат 112 години од смртта на најголемиот македонски син, револуционер со апостолска дејност, првенец на револуцијата, долго очекуван предводник што доаѓа да го подигне и организира народот за спасоносното дело на револуцијата.
Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги одржуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
Неговите посмртни останки прво се чувани во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:
„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.
Август 1923, Илинден“.
Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година кога се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.