Прес (28.02.2007) - Голем интерес за проектот за вработување
Општина Велес е презадоволна од интересот што го покажаа правните лица и лицата заинтересирани за волонтерска пракса, во рамки на проектот посредување при вработување на млади невработени лица ЕМИ 2 што општината го реализира во соработка со УНДП, изјави на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.
На повикот се пријавија 248 млади невработени лица од кои 114 со високо, 4 со вишо и 130 со средно образование. На конкурсот се пријавија вкупно 38 правни субјекти кои побаруваат вкупно 77 лица од кои 31 со високо и 36 со средно образование. Волонтерската пракса ќе се изведува од 12 март до јуни годинава. Одлуката за ангажирање на волонтери надлежната Комисија ќе ја донесе на 9 март, а волонтерската пракса ќе започне на 12 март.