ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН СО 4 НОВИ ПРОЕКТИ
Како Претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион,градоначалникот Славчо Чадиев ги претстави четирите нови проекти на Центарот за развој на Вардарски плански регион. Проекти финасирани од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, проекти за кој се обезбедени 10.488.494,00 денари и за кој е потпишан Договор на 04.05.2015 година.
Овие проекти се аплицирани по претходна добиена согласност од Советот за развој на Вардарскиот плански регион на редовна седница, утврдени како приоритетни проекти за развој на регионот .
Проектите што ќе се имплементираат во наредниве месеци се:
1.“Изработка на техничка документација за индустриска зона во село Мамутчево, Општина Велес”. Индустриската зона „Мамутчево“ е лоцирана на регионалниот пат Велес – Штип на идеална локација која има можности да донесе економски и социјални бенефиции за општините Велес, Лозово и Свeти Николе.
2.Инфраструктурно уредување на јавен објект наменет за надградба на капацитетите на главните двигатели на економскиот развој во регионот.
Проект наменет за реконструкција и адаптација на горниот спрат на поранешната зграда на „Радио Велес“. За потребите на проектот направен е основен проект, ревизија на основен проект и обезбедено е одобрение за градба од страна на Општина Велес, како и средства во висина од 1.930.695,00 денари. Проектот ќе резултира со отварање на нови канцеларии на Центарот за развој на ВПР.
3. Регионален центар за поддршка на граѓанскиот сектор во општините од Вардарски плански регион со седиште во Општина Кавадарци. Центарот за овој проект обезбеди средства во висина од 4.843.109,00 денари за реконструкција и адаптација на стара зграда во општина Кавадарци. За потребите на проектот направен е основен проект, ревизија на основен проект и обезбедено е одобрение за градба од страна на Општина Кавадарци.
4. Опремување и уредување на рекреативен туристички центар – Езеро „Подлес“ , село Подлес, Општина Градско, за кој се доделени средства во износ од 1.848.888,00 денари. Со преземањето на проектните активности за опремување, уредување и промовирање, вештачката акомулација Подлес ќе прерасне во рекреативен туристички центар кој ќе стане подостапен и попривлечен за домашните и странските туристи.