Привршува изградбата на хидросистемот „Лисиче“

ImageСоветот на Општина Велес 41-та седница ја одржа во работните простории на Јавното претпријатие Хидросистем „Лисиче“. Информацијата за извршените работи и активности на објектот брана Лисиче за периодот декември 2006 - февруари 2007 година, ги поттикна членовите на Советот на лице место да ги видат резулатите од 16 годишните активности за изградба на браната.

Градоначалникот Аце Коцевски и членовите на Советот на Општина Велес го посетија објектот каде во момемтов градежните фирми „Мак метал“, „Маврово“ и „Бетон“ ги завршуваат градежните работи а фирмата „Мак инвест “ од Кавадарци работи на монтажа на хидромеханичката и електро опрема во водозафатната кула, опточниот канал и излезната градба.

Како што пред медиумите изјави Радојко Цветанов, директор на ЈП Хидросистем „Лисиче“, акумулацијата ќе започне да се полни во јуни годинава. Полненењето во согласност со техничките стандарди ќе се одвива етапно, во квартали. Се очекува акумулацијата да се наполни до крајот на годинава.

Акумулацијата ќе опфати вкупно 25.000.000 м³ вода што ќе се користи за водоснабдување, наводнување, за потребите на индустријата како и за ревитализација на езерото „Младост“. Вкупната инвестиција изнесува 61.245.000 евра. 10% од средствата ги обезбедија велешани преку самопридонес, а останатите се обезбедени од Буџетот на државата и преку кредити.

Image  Image