Нови котли за затоплување за три велешки училишта
Овие денови во зградата каде се сместени двете општински основни училишта „Благој Кирков” и „Јордан Хаџиконстантинов Џинот” како и училиштето за деца со посебни потреби „Маца Овчарова” се вршат работни активности за инсталирање и ставање во функција на два нови котли за затоплување.
Инаку активностите се дел програмата на Јапонската влада за поддршка на мали проекти - Japanese Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects (GGP) за имплементација на четири проекти во Македонија. Исто така, како дел од овој проект, наредниот период ќе бидат обновени и 20 тоалети со цел учениците од трите училишта да ја следат наставата во адекватни услови.