Манифестација „Ретроспектива“
Замислена како презентирање на најголемите вредности на Велес преточени во човечка димензија, манифестацијата „Ретроспектива“ на љубителите на уметноста им понуди нескејдневно доживување, во уникатниот амбиент на Ликовниот салон.
Во рамките на манифестацијата посветена на истакнатиот македонски зограф, основоположник на модернизмот во македонското сликарство Ѓорги Зографски и велешките музички великани Стефан Гајдов и Живко Фирфов, присутните имаа ретка можност на едно место да ги видат делата на Зографски, претежно икони од православните храмови. Со својата единствена уметничка и историска вредност, делата на Зографски ги воодушевија посетителите. За неговото творештво пред присутните говореше Славица Алексовска, историчар на уметноста.
Творештвото на Фирфов и Гајдов преку ретки музички фрагменти од Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ и своја научна работа го презентираше м-р. Јулијана Жабева Папазова. Настанот беше збогатен со настап на хорот на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ под дирегентско раководство на Веселинка Маџарова.
Љубителите на уметноста уште десетина дена ќе имаат ретка можност во Ликовниот салон, на едно место да ги видат вредните дела на Ѓорги Зографски.