СЕ ОБНОВУВА УРБАНАТА ОПРЕМА

Овие денови се превземаат активности за обнова и реконструкција на урбаната опрема на повеќе јавни места, која што изминатиот период беше значително оштетена. За таа цел се вршат поправи на уништените клупи, корпи за отпадоци, како и детски лулашки и други реквизите од детските игралишта.

Општина Велес уште еднаш упатува апел до граѓаните, да се чува урбаната опрема. Да не се уништува направеното. Наместо за поправка да останат средства за нови клупи, корпи и канделабри. Тие се купени со пари на граѓаните, им припаѓаат на граѓаните. Колку подобро ќе ги чуваме, толку подолго ќе ги имаме.