Одбележан Меѓународниот ден на жената

ImageПо повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и претседателот на Советот на Општина Велес, Трајко Бабунски организираа празничен прием за членовите на Советот на Општина Велес, раководителките на институциите под надлежност на општината и претставничките на повеќе организации.
 
Честитајќи им го празникот, градоначалникот Коцевски укажа на извртените вредности кои денес за жал се вградени во неговото одбележување. „Ова е вистински ден да се потсетиме на идеалите за кои се бореа Роза Луксембург и Клара Цеткин. Верувам дека како лидерки во Вашите организации во рамките на заложбите за еманципација, ќе помогнете да се променат овие искривени морални вредности и да се вратат изворните вредности и вистинското значење на Меѓународниот ден на жената.“, рече Коцевски. Градоначалникот и претседателот на Советот, на присутните жени им посакаа секој ден во животот да им биде 8-март и им го честитаа празникот на сите жени на Велес.
 
Image  Image
Image  Image