ЗЕЛС ја продлабочува соработката со VNG International
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски е дел од делегацијата на ЗЕЛС која од 18-24 март годинава, на покана од Асоцијацијата на холандските општини VNG International престојува во работна посета на кралството Холандија.
Посетата е дел од програмата за зајакнување на капацитетите на ЗЕЛС за реализација на програмата за збратимување на општините со нивните холандски партнери. Во рамките на посетата посебно внимание ќе биде посветено на анализа на резултатите од досегашната реализација на програмата ЛОПАД 2 креирана како проект за збратимување меѓу ЗЕЛС и VNG International. Примарната проектна компонента на ЛОПАД 2 е насочена кон институционално градење на ЗЕЛС и развој на програмата за подобрени услуги на неговото членство што во 26-те избрани општини во Македонија овозможи да започне реализација на пилот програмите за локален економски развој, за општинските даноци и за управување со човечките ресурси. Крајна цел на ЛОПАД 2 е да се подобри квалитетот на администрацијата на локалната самоуправа во Македонија со развивање и одржливост на капацитетите на условите на домашната локална власт и да ја зајакне позицијата на ЗЕЛС како застапник за продолжување процесот на развој на локалната самоуправа.
Во рамките на посетата, членовите на ЗЕЛС ќе имаат можност за размена на искуства и директно запознавање со најдобрите практики од развојот на локалната самоуправа во Кралството Холандија.