Завршува уредувањето на улиците „Костадин Бодин“ и „Љубланска“
Денес градоначалникот Славчо Чадиев направи увид на улицата „Костадин Бодин“и „Љубланска“. Градежните активности завршуваат оваа седмица со што уште две улици се уредени и пристапни на граѓаните. Овие улици се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште. Општина Велес и понатаму продолжува со изградба на улици на високите зони со што ке се овозможи по пристапен, безбеден и прегледен пат.