НАСТАП НА ХОРОТ „СВ.ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ И ХОРОТ ОД БЕРКЛИ ОД КАЛИФОРНИЈА

Вчеравечер во амфитеатаротот на Младински парк продолжи културниот бран со настап на хорот „Св. Злата Мегленска“ и хорот на првата презвитеријанска Црква на Беркли, Калифорнија. Хорот Св. Злата Мегленска во изминатата 2014 година се закити со два златни и еден сребрен медал на светските хорски игри во Рига. Под водство на диригентката Летка Димовска-Полизова овој ансамбл ја потврди својата улога на афирматор на македонската хорска музика ширум светот вбројувајќи се во официјалната листа на дваесетте најдобри хорски ансамбли од целиот свет.

Хорот на Првата презвитеријанска Црква на Беркли, Калифорнија е составен од разновидна група на музичари кои живеат во петокрузи во Сан Франциско во Северна Калифорнија. Тие се посветени на музиката и хорската уметност, а доказ се многубројните концерти со оркестри и турнеи на меѓународно ниво. Хорот промовира мир и разбирање меѓу луѓето од различни потекла. Тој брои 100 хористи од кои за концертни турнеи се извираа само 55 хористи.