ДА ГО ЧУВАМЕ ОНА ШТО Е СОЗДАДЕНО ДА НЕ СЕ УНИШТУВА НАПРАВЕНОТО
Oпштина Велес во изминатиов период маскимално ги вложи своите професионални и технички капацитети за да му подари на Велес, поточно на граѓаните на Велес, неколку парковски и урбани површини на кои можат да позавидат и многу поголеми градови и урбани средини.
Покрај материјални средства, во новите паркови кај училиштето „Васил Главиниов“, поранешниот „Офицерски дом”, „Паркот на пријателството”, но и на останатите зелени и урбани простори, се вложи многу љубов кон својот град и желба да докажеме дека Велес и велешани заслужуваат да ги имаат најубавите паркови.
Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте го она што е создадено. Нека остане наша гордост. Наместо за поправка на урбаната опрема нека останат средства за нов парк, за ново катче за игра и одмор. Да не се уништува направеното! Чувајте ја тревата и цвеќето! Чувајте ја урбаната опрема – клупите, корпите, канделабрите. Тие се купени со пари на граѓаните, им припаѓаат на граѓаните. Колку подобро ќе ги чуваме, толку подолго ќе ги имаме.