Регулаторна гилотиња - иницијативи на стопанството
На 29.03.2007 год. во Општина Велес се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора - Велес. Преставникот од Владата на Република Македонија кој присуствуваше на седницата изврши презентација на проектот „Регулаторна гилотиња - иницијативи на стопанството“.
Тој истакна дека ова претставува еден од најзначајните проекти на Владата кој опфаќа гилотиња на прописите за подобрување на деловното окружување и на вкупната економска активност во РМ. Со проектот се предвидува ревидирање и прочистување на сите прописи кои се однесуваат на бизнисите и на граѓаните заради нивно поедноставување и елиминирање на несуштинските формалности и административни пречки кои го оптоваруваат секојдневното работење, одземаат време, наметнуваат трошоци и обемна документација и создаваат простор за корупција. Владата на Република Македонија активно ја вклучи Стопанската комора на Македонија како партнер во целиот процес, за што претходно беше потпишан меморандум за соработка.
На седницата присуствуваа стопанственици од Велес и Кавадарци кои се вклучија во расправата и ги искажаа свооите проблеми.
На седницата присуствуваа стопанственици од Велес и Кавадарци кои се вклучија во расправата и ги искажаа свооите проблеми.