СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Согласно член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Сл.весник на РМ бр.115/14), Локалните институции од градот започнаа со обезбедување на паркинг простори за велосипеди во функција на објектите за јавна намена.

Со тоа, на учесниците во сообраќајот кои користат велосипед како превозно средство а имаат потреба за услуга или посета во институциите, им е овозможено непречено користење на паркинг просторот за велосипеди. Изминативе денови, простор од овој вид беше обезбеден во ОУД „Лазар Лазаревски”.