Увид во градежните работи на патот Велес-Кадрифаково
Денес министерот за транспорт и врски заедно со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалниците на Велес, Штип и Лозово, изврши увид на градежните работи на патниот правец Велес-Штип кај Кадрифаково.
Делницата е во должина од 11 километри и треба да биде готова до април идната година.
Патот има неколку црни точки, а со нејзина изградба двојно ќе се зголеми широчината од сегашните 6,5 на 11 метри. Со реконструкцијата ќе се направи сосема нова траса каде што возилата ќе се движат со брзина од 80 до 100 километри на час.
Целата инвестиција, односно патот Велес-Кадрифаково чини околу 15 милиони евра, средства обезбедени од Владата со заем од Европската банка за обнова и развој.