Се уредуваат улиците предвидени во програмата „Декада на Ромите”

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев имаше средба со министерот без ресор во Владата на Републука Македонија Неждет Мустава.
По разговорот во кабинетот, тие извршија увид на градежните работи за реконструкција на улиците „Јордан Џурнов“ и „Прохор Пчински“.
За целосната реализација на овој проект кој опфака повеке улици во кои претежно живее население од Ромската заедница , се обезбедни средства во вкупен износ од 2.700.000 денари.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Р. Македонија – Министерство за транспорт и врски, Потпрограма 11-Подршка на имплементација на Декадата и Стратегија за Ромите во висина од 2.000.000 денари ,дополнителните средства во висина од 700.000 денари ке се обезбедат од Програмата за уредување на градежното земјиште на територија на Општина Велес за 2015 година.
Реконструкцијата на завршниот слој на коловозот ги опфака и улиците „Славко Давчев”, „Благој Кирков”, „Благој Страчков” и „Стефан Богоев”.