ОБЕЛЕЖАН ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН

Илинден е белегот што секој Македонец го носи во себе од раѓање. Илинден е симболот за непокорот и вековната борбата што ја води Македонија во целата историска низа од своето 3 милениумско постоење.

На 112 годишнината од Илинденското востание 903-та и 71 годишнината од Првото заседание на АСНОМ велешани се поклонија пред двата најзначајни монумента во градот – Спомен-костурницата и Споменикот на велешките илинденци со порака - Илинден значи достоиство, значи саможтва, Илинден значи борба, значи слобода. Илинден значи јазик, сила, единство, моќ, идеали и иднина. Илинден значи Македонија.