Најава за манифестации
Друштвото на родители за грижа за здраво поколение – Велес, по повод Денот на здравјето – 7ми Април и 10 годишнината од своето постоење, во соработка со Општина Велес ќе организира:
- Маратон под мотото „Да трчаме – здраво е“
- Ликовна изложба и аукција „Здравјето пред се“
- Аукција на велигденски јајца под покровителство на Неговото Високо Преосвештенство, господин Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија.
Манифестацијата ќе се одржи на 7ми Април (сабота) со почеток во 12:30 часот.
Централен дел на манифестацијата ќе биде маратонот, прв од ваков вид во Македонија, кој ќе се одвива по улиците на Велес. Обезбедена е поддршка од градоначалникот, медиумско покривање на државно и локално ниво, учество на Сојузот на спортови, локалниот атлетски клуб, МОК, Агенција за млади и спорт и други реномирани институции, компании и фирми.
Маратонот ќе биде масовен, со учество на ученици, студенти и граѓани од сите возрасти. Учество ќе земат и познати личности од градот и државата. Промотор на маратонот и целата манифестација е познатиот актер Зоран Љутков.
Почетокот на маратонската трка ќе го означи Трајко Бабунски, претседател на Советот на Општина Велес.
Со голема благодарност за Вашето медиумско покровителство на овој настан, ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку ги проследите нашите активности.