Премиерот во Велес

ImageРешавањето на проблемот со свлечиштето Рамина, локалниот економски развој, приоритетите во процесот на реформи во локалната самоуправа, фискалната децентрализација се само дел од темите за кои на работна средба во Велес градоначалникот Аце Коцевски разговараше со премиерот Никола Груевски.
 
 
На средбата Коцевски укажа на недоследноста во преземањето мерки за решавање на проблемите на жителите на Рамина затоа што во изминатиот период не беа испочитувани мислењата на експертите дека не смее да има прекин во изградбата на потпорните ѕидови. Премиерот најави интерес на Владата да се вклучи во решавањето на проблемот преку изградба на уште два потпорни ѕидови. На Средбата стана збор и за значајните реформи во образовниот систем и потттикнувањето на можностите за развој на високото образование. Во рамките на средбата градоначалникот Коцевски ги презентираше своите ставови и мислења околу неопходноста од интервенции во легислативата во пресрет на втората фаза од процесот на децентрализација.