Министерката за внатрешни работи го посети Велес
Гордана Јанкуловска, Министерка за внатрешни работи во Владата на Република Македонија престојуваше во работна посета на Општина Велес во чии рамки оствари средби со надлежните во СВР Велес и градоначалникот Аце Коцевски.
На средбата со градоначалникот Коцевски беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на соработката помеѓу општината и министерството преку Секторот за внатрешни работи Велес со цел на граѓаните да им се овозможат поефикасни, ефективни и евтини услуги.
На средбата стана збор и за тековните проблеми и теми од областа на јавната безбедност на подрачјето на Општина Велес.