Обележани 110 години од раѓањето на Алексо Демниевски - Бауман

Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ одбележа 110 години од раѓањето и 54 години од смртта на Алексо Демниевски – Бауман.

По тој повод претставници на Општина Велес, АРМ и Сојузот на борците, подржувачи на делото и останати делегации на спомен обележјето со положување на цвеќе и едноминутно молчење му оддадоа почит на овој докажан борец за права и командант на 15 македонски корпус.