Честитки по повод празниците што следат

Градоначалникот на Општина Велес на неговото Високо Преосвештенство, господин Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија, свештенството и сите граѓани православни и католички верници им го честита големиот празник Воскресение Христово и им посакува исполнети надежи, остварени желби, добро здравје, успех и спокојство во духот на Христовата безусловна љубов и верба во човекот.