Велешани го одбележаа „Источен Петок Балаклија“

ImageСо традиционален општонароден собир во манастирот „Свети Димитрија“ велешани го одбележаа празникот „Источен Петок Балаклија“. Пред повеќе илјади посетители и околните места, во организација на Општина Велес се одржа пригодна културно-уметничка програма во чии рамки  настапија. музичката група „Медиум“ и естрадниот уметник „Гоце Арнаудов.
 
Традиционално и оваа година во околината на манастирот беше организиран панаѓур. Празникот  „Источен Петок Балаклија“ велешани традиционално го одбележуваат во чест на Света Богородица-заштитничка на светите води. Првобитната градба на манстирот која потекнувал од 14-от век го носела името на Света Богородица. Иако повеќе од два века манастирската црква била закопана и сокриена од очите на јавноста, жителите на Велес и околината и тогаш го посетувале ова свето место. Денес кога манастирот го носи името „Св. Димитрија“, чествувањето на светите води, односно празникот „Источен Петок Балаклија е една од најголемите традиции на Велес и велешани.
 
Image  Image