УРБАНАТА ОПРЕМА ПОВТОРНО МЕТА НА ВАНДАЛСКИ НАПАДИ

Вчеравечер урбаната опрема во паркот кај поранешниот Офицерски дом беше мета на одреден вандалски чин на уништување. Една од таблите за одигрување на шах-натпревари беше комплетно оштетена, со што е направена значителна штета за многу кратко време од нивното поставување.

Општина Велес во изминатиов период маскимално ги вложи своите професионални и технички капацитети за да му подари на Велес, поточно на граѓаните на Велес, неколку парковски и урбани површини, како што е оној пред Офицерскиот дом, паркот пред ООУ „Васил Главинов”, Гимназијата „Кочо Рацин”, паркот на пријателството и многу други.

Покрај материјални средства на овие локации се вложи многу љубов кон својот град и желба да докажеме дека Велес и велешани заслужуваат да ги имаат најубавите урбани места.

Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте го она што е создадено. Нека остане наша гордост. Наместо за поправка на урбаната опрема нека останат средства за нов парк, за ново катче за игра и одмор.

Да не се уништува направеното! Чувајте ја тревата и цвеќето! Чувајте ја урбаната опрема – клупите, корпите, канделабрите. Тие се купени со пари на граѓаните, им припаѓаат на граѓаните. Колку подобро ќе ги чуваме, толку подолго ќе ги имаме.