СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Се известуваат сите стопанственици дека на ден 30.04.2007 година (понеделник), од 8 до 16 часот, во Регионалната канцеларија на Стопанската Комора на Македонија која се наоѓа во просториите на Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес ќе се врши издавање и заверка на документи за кои е овластена Стопанската Комора:
- Сертификат за преференцијален третман на стоката;
- Сертификат за потекло на стоката;
- АТА Карнет за привремен извоз;
- Потврда за членство;
- Потврда за единствен производител;
- Потврда за ексклузивни права;
- Препораки за добивање деловни и транспортни визи; и
- Заверка на договори, тендери, ценовници, фактури и други документи;