ПРИЕМ НА НОВИТЕ ИНВЕСТИТОРИ „ЕУРО БРИК“

Денес, градоначалникот м-р Славчо Чадиев ги прими новите сопственици на фабриката „Киро Ќучук“.

Македонско-турската компанија „Еуро брик“ е новиот сопственик на оваа фабрика.

„Еуро брик“ е компанија која се занимава со призводство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништво.

На оваа средба инвеститорите ги презентираа пред градоначалникот своите планови за работа и реализација во периодот кој следува.  Акцент на средбата беше ставен на идните вработувања во оваа фабрика со кои значително ќе се намали невработеноста во нашиот град.