Младите економисти спремни за во Европа

ImageНа ден 02.05.2007 год. во ОСУ “Јовче Тесличков” беше остварена посета од страна на г-нот Ереван Фуере претставник на Европската Унија во Македонија како дел од активностите преку кои беше презентиран нашиот град.
 
 
 
 
 
На посетата на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, беа организирани повеќе активности. Беа претставени Училишните компании Eco Company, Tim Net Trade и Gold Time Company како и младинската организација ТИЕ (талентирани идни економисти), кои се претставија преку штандови со цел да го презентираат своето работење. Г-нот Фуере се запозна со работата на овие училишни компании во непосреден разговор со учениците.

Вториот дел од посетата  беше искористен за организиран разговор со учениците на повеќе теми за кои учениците пројавија интерес како што е продолжување на школувањето во земјите на Европската Унија, помош на училиштата во опрема и друго. Г-нот Фуере посебно се задржа на темата „Како поблиску до Европа“ како и други теми за кои учениците пројавија интерес. Потоа гостите заедно со директорот на училиштето и вработените ги разгледаа просториите на училиштето каде се остварува воспитно-наставниот процес.
 
Image  Image